Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, кој е осуден на три години и шест месеци затвор за две кривични дела злоупотреба на службена положба, денеска пред општинската зграда изјави дека одлуката на Основниот кривичен суд е скандалозна и оти нема ниту еден доказ против него. Тој најави дека пресудата ќе ја обжали на Апелација.
– Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, кој е осуден на три години и шест месеци затвор за две кривични дела злоупотреба на службена положба, денеска пред општинската зграда изјави дека одлуката на Основниот кривичен суд е скандалозна и оти нема ниту еден доказ против него. Тој најави дека пресудата ќе ја обжали на Апелација.
Тој вели дека очекувал ослободителна пресуда. Како што посочи, станува збор за политичка хајка.
-Осуден сум зошто сум ја направил оваа барака и онаа другата, каде што во проектот стои изградба на монтажно – демонтажна барака. Ова е направено од гипс картон, според сите правилници и стандарди се времени објекти на Министерството за транспорт и врски и за времен објект не може да се гони кривично, рече Јакимовски.
Тој додаде дека не станува збор за криминал или корупција, и напомена дека ова е управна постапка која може во која било фаза да се прекине.
Јакимовски напомена дека се вршеле притисоци врз неговото семјство и врз негови соработници за да се изнуди изјава против него.
Градоначалникот Стевчо Јакимовски е осуден на три години и шест месеци затвор за две кривични дела злоупотреба на службена положба, додека поранешен вработен во општината доби условна казна во траење од две години. Пресудата не е правосилна, а Јакимовски има право на жалба до Апелација. Тој уште на почетокот на судењата, кажа дека нема никаква вина.
Стевче Јакимовски, актуелен градоначалник на скопската Општина Карпош исто така минатата година се најде на црната листа на американскиот Стејт Департмент.