Пловилото на кое избувна пожар денеска, околу 18 часот, безбедно е извадено од пристаништето, соопштија од Портн Ново, наведувајќи дека веднаш се преземени мерки за заштита на животната средина и дека не е регистриран еколошки инцидент.
Од Порто Ново соопштија дека и покрај сите напори пожарот не може да се локализира на лице место, поточно на пловилото.
Сепак, велат тие, брзата реакција на тимот на марината го оддалечила пловилото од другите бродови, спречувајќи потенцијална штета на другите пловила.
„До 19 часот и 50 минути оштетениот пловен објект безбедно е изваден од пристаништето со помош на специјализиран шлепер, а натамошното управување со ситуацијата продолжи во ненаселено место“, се вели во соопштението.
Се наведува дека веднаш се спроведени мерки за заштита на животната средина, за да се спречи евентуално еколошко влијание.
Пловилото, како што соопшти Порто Ново, било опкружен со бариери за апсорпција на нафтените деривати, а за неутрализирање на евентуалните истекувања се користела впивачка ткаенина и специјализирани хемикалии.
„До овој момент не е пријавен еколошки инцидент“, се вели во соопштението.