Поради ниската откупна цена, дел од јагнињата останаа непродадени во штипско и радовишко. Откупната цена од 230 денари за килограм жива мера што им ја нудат кланиците, за сточарите е ниска и е под прагот на рентабилност. Додека пак, приватните откупувачи им нудат по 300 денари, но во тој случај не ги следуваат субвенции.

До почетокот на месец март сите јагниња треба да бидат продадени, зашто откако ќе пораснат не се барани од трговците. Лани јагнињата се продаваа по цена од 300 денари за килограм жива мера, со што годинава речиси за една третина е намалена. Волната никој не им ја зема, а слабо оди и продажбата на сирењето.

ИЗДВОЕНИ