Јадете без грижа на совест: Диетална гибаница – ем здрава ем вкусна, а мека како душа

3401
Foto: Printscreen/Instagram/ putopija_

Ако ви се јаде топла, ароматична гибаница полна со сирење, а размислувате и како треба да ја поправите (или да ја задржите) линијата, тогаш внимателно прочитајте го ова до крај, пренесува objektiv.rs.

Веројатно мислите дека не би било многу паметно да се препуштите на класичната гибаница направена со кори за пита, но секогаш има едно „но“ во животот – и овој пат ќе ви се допадне тоа „но“…

Вашата сакана гибаница можете да ја направите на малку поинаков начин, што ќе ви овозможи истовремено да уживате во вкусна „гибаница“ и витка линија!

Ви носиме рецепт како да го направите (уште побрзо и полесно од класичниот, бидејќи не мора да се плеткате со редењето или виткањето на кората). Од состојките за филот потребни ви се истите состојки како за обичната гибаница, а колачот е во „корите“. Овде нема пекарски кори, туку снегулки (пченка или по желба овес, ‘рж и сл.).

Состојки:

3 јајца

400 гр свежо бело сирење

300 мл јогурт или кефир

50 ml маслиново или сончогледово масло

сол (колку помалку, толку подобро, а ако сирењето ви е посолено, тогаш целосно прескокнете додавање сол во смесата), прашок за пециво

300 гр пченкарни снегулки (снегулките може да бидат и овес, ‘рж, хељда или просо)

Подготовка:

Убаво измешајте ги горенаведените состојки, за сите состојки да се соединат рамномерно. После тоа додадете корнфлекс (или некои други по ваш избор, иако корнфлекс ни се омилени), па повторно измешајте.

Ставете го претходно подмачканиот плех во рерна да се загрее околу 5 минути, а потоа смесата префрлете ја во плехот за печење.

Печете на 200 степени околу 30 минути (точното време зависи од јачината на вашата рерна).

ИЗДВОЕНИ