На ученичката од петто одделение во основното училиште „Свети Сава“ во населбата Лауш во Бања Лука и иле скршени двете раце, кога, како што тврди нејзината мајка, ја турнале две момчиња од нејзиното одделение.
Мајката на десетгодишната Рената Домазет за Глас Српска изјавила дека се се случило во понеделникот на малиот училишен одмор.
„Додека мојата ќерка и нејзините другарки си играле, две проблематични момчиња ја фатиле за раменици и ја фрлиле наназад. Таа паднала на грб и ги скршила двете раце – тврди Домазет.
Според нејзините зборови, девојката дури кога дошла дома почувствувала болка и со возило на брза помош била пренесена во болница.
– Докторот ми рече дека таквите случаи мора да се пријават во полиција, па отидов со нив. Полицијата го вклучи Центарот за социјална работа, а на мое барање беше организирана средба со директорката на училиштето – вели Домазет.
Како што истакнала, на нејзината ќерка и биле поставени протези, а по неколку дена ќе мора да стави гипс на рацете.
Директорот на училиштето за Глас Српска изјави дека е запознаен со овој случај, посочувајќи дека немилиот настан е резултат на предизвикот „Тик Ток“ што децата го изведуваат во училиштето.
-Децата играле непримерни игри, при што девојчето паднало и ги скршило рацете. Треба да ги сослушаме оние кои биле присутни кога се случило се и да ги утврдиме фактите – рече директорот и додаде дека жали за немилиот настан.
Окружното обвинителство во Бања Лука соопшти дека е известен обвинителот за малолетници кој презема дејствија, но со оглед дека се работи за малолетници, не откриваат повеќе информации.