Американскиот претседател во заминување, Џо Бајден, денеска ги помилува своите сестри и браќа и нивните сопружници само неколку минути пред да ја напушти функцијата.
Тој рече дека неговото семејство било подложено на „немилосрдни напади и закани“ мотивирани исклучиво од желбата да го повредат, што е „најлошата форма на партиска политика“.
„За жал, немам причина да верувам дека овие напади ќе престанат“, рече Бајден, пренесува Бета.
Тој одлучи да ги помилува „за секое ненасилно дело што можеби го сториле или учествувале во периодот од 1 јануари 2014 година до датумот на ова помилување“.
Во последните часови од својот мандат, американскиот претседател во заминување Џо Бајден издаде помилување за докторот Ентони Фаучи, пензионираниот генерал Марк Мили и членовите на Претставничкиот дом на САД кои го истражуваа нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.