Минатата сезона Косово беше една од позитивните приказни во светот на зимските спортови бидејќи верувале или не настапија во ски-скокови, во конкуренција на девојки.
Таму се најде Софи Соршаг, поранешната австриска репрезентативка која реши да ја смени репрезентацијата за која настапува и ја прифати понудата на Косово.
Косово имаше цел да се пробие во зимските спортови, барем со помош на натурализирани натпреварувачи. И додека се од надвор изгледаше како од бајка, длабоко во внатрешноста имало големи проблеми.
По релативно лошата сезона во која најдобар пласман беше 33. место, Сорчаг реши да ја отвори душата и да проговори за целата ситуација.
- Главната причина зошто повеќе не се натпреварувам во ски-скокови е немањето финансиска поддршка, ја започна својата приказна Соршаг за косовските медиуми.
Таа додаде дека повеќе нема да се натпреварува во Светскиот куп, барем не во новата сезона.
- Нашиот заеднички проект започна на 25 јануари 2023 година, кога потпишавме договор во Трст помеѓу Косовската скијачка федерација и мене. Се ракувавме во знак на доверба со членовите на Косовската скијачка федерација и Косовскиот олимписки комитет во врска со нашето скијање, ски-скокачки проекти и олимпискиот сон на овие балкански земји, истакна оваа 25-годишна девојка и продолжи:
- Имаше постојано уверување од косовските спортски институции дека сите трошоци ќе ми бидат вратени како натпреварувачка, но тие завршија само со ветувања. Не добив поддршка од косовските институции, бев принудена сама да ги сносам сите трошоци.
Скијачките скокови не се евтин спорт, а тоа и создало најмногу проблеми на девојката која се согласи да му помогне на Косово на патот кон олимписките соништа, но и рамки на зимските спортови.
- Немав поддршка, морав сам да плаќам за се. Моите трошоци вклучуваат опрема, месечна плата на тренерот, трошоци за изнајмување скокалница, специјално осигурување и патување на натпревари за мене и тренерот. Поради тоа морав да позајмам многу пари. Покрај студиите, морам да работам напорно за да врзам крај со крај и да го вратам она што го позајмив, изјавил видно разочараната Соршаг.
Скијачкиот сојуз на Косово не се огласи после се, но очигледно потрошиле огромна шанса да бидат дел од атрактивен и се попопуларен зимски спорт.
Со соодветна поддршка, Соршаг секако би можела да постигне позабележителни резултати, дури и историски бодови за Косово во Светскиот куп.
Станува збор за девојка која имаше добри резултати како репрезентативка на Австрија, но поради несогласувања со австриската федерација, во 2023 година реши да ја смени репрезентацијата. Изборот падна на Косово, но очигледно беше голема грешка. Покрај тоа што се грижи за финансиите, опремата, храната, Соршаг целосно ја запостави својата форма и тоа се почувствува на резултатите. Сега реши привремено да ги напушти ски-скоковите, а дали тоа значи крај на нејзината кариера ќе видиме, со оглед на тоа што е на возраст од 25 години.