Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден по инаугурацијата на Доналд Трамп како 47-ми претседател на државата изјави дека ја напушта функцијата, но не и битката.
По слетувањето во воената база Ендрус во Мериленд, тој рече дека има уште многу да направи, а потоа се прекрсти, пренесува ABC News. Поранешниот претседател ги повика своите вработени да останат „ангажирани“, без разлика дали се во јавниот или приватниот сектор, академската заедница.
„Ја напуштаме функцијата, но не ја напуштаме борбата. Вие сте паметни, вешти, страствени и потребни на земјата. Ние секогаш дававме се од себе како Американци.
Ние никогаш, никогаш, никогаш не се откажуваме, никогаш“, рече тој. Бајден изрази и оптимизам дека нивниот мандат нема да биде „поништен“.
„Исто како што реков за законите што ги донесовме, нашите семиња ќе растат и ќе цветаат со децении. „Ми беше чест во животот да служам како ваш претседател“, рече Бајден, пренесува Танјуг.