Екипите на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ веднаш по невремето кое го зафати Скопје излегоа на терен заради расчистување на паднати гранки и дрвја и овозможување на нормално функционирање на градот.
Освен секторот Дрвореди, во првите денови по невремето, во активностите на расчистување на градот се приклучија и работниците од секторите Вонградско зеленило и Градско зеленило.
Како што информираат од претпријатието, досега се интервениралое на вкупно 64 локации при што биле расчистени вкупно 77 паднати дрвја и 25 искастрени скршени гранки, а во текот на денот ќе се продолжи со интервенции во првиот дел од Градски парк, спроти Министетство за земјоделие и кај ресторан „Томче Софка“.
Сеуште во претпријатието стигнуваат нови пријави за паднати дрвја,така што со активностите ќе продолжат и во наредните денови се до целосно расчистување на последиците од невремето.