Извршена пролетна дератизација за уништување на глодари

109

Како дел од „Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести“ од 2025 година, извршена е редовна пролетна дератизација за уништување на глодари на 1.073 шахти, информираат од Општина Илинден.

Оттаму додаваат дека е во тек и спроведување на дезинфекција на јавни објекти на површина од 3.300 квадратни метри, меѓу кои е и општинската зграда, како и домовите на култура на општина Илинден.

Во насока на спречување и сузбивање на заразни болести и инфекции, Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со примена на сите потребни мерки за заштита на населението.

 

ИЗДВОЕНИ