Извештај на ЕК открива дека козметиката и играчките се најштетни производи во Европа

50

Европската комисија го објави годишниот извештај во рамките на Системот за брзо известување за опасни нехранителни производи, познат како „Безбедносна порта“, за 2024 година. Извештајот Европската комисија во рамките на Системот за брзо известување за опасни нехранителни производи, познат како „Безбедносна порта“, открива дека козметичката и детските играчки се најштетните производи во Европа. Во 2024 година, за кога се однесува годишниот извештај  се евидентирани 4.137 такви производи, што претставува највисока бројка од воведувањето на системот во 2003 година.

Според извештајот, најголем дел од пријавените производи кои претставуваат опасност за здравјето на потрошувачите, односно 36%, се козметичките препарати. По нив следат играчките со 15%, електричните апарати со 10%, моторните возила со 9% и хемиските производи со 6%. Кај речиси половина од регистрираните штетни производи е констатирано присуство на хемиски супстанци и опасни хемикалии, како што се кадмиум, никел и олово во накитот, алергени ароматични состојки во маслата или синтетички хемикалии за омекнување на облеката. Во речиси 97% од пријавените козметички производи е утврдено присуство на бутилфенил метилпропион (БМХЦА), забранет синтетички мирис кој може да предизвика оштетувања на репродуктивниот систем на луѓето или иритација на кожата.

ИЗДВОЕНИ