Извештаите потсетија на раните денови на ковид-пандемијата: Расте бројот на случаи на респираторен вирус во Кина, што знаеме за него?

105

Извештаите за зголемување на бројот на случаи на респираторен вирус во Кина потсетија на раните денови на пандемијата „Ковид-19“ пред речиси пет години. Сепак, иако има одредени сличности, ситуацијата сега е значително различна и многу помалку загрижувачка, велат медицинските експерти.

Случаите во Кина се поврзани со инфекции со хуман метапневмовирус, познат како HMPV.

Што е HMPV?

Тој е еден од вирусите што секоја година циркулира низ светот, предизвикувајќи респираторни заболувања. Повеќето луѓе го добиваат во детството, а инфекциите се повторуваат во текот на животот. Во земјите со постудени зими, HMPV има сезонски карактер, додека поблиску до екваторот е присутен во текот на целата година, но поретко.

Симптомите вклучуваат кашлица, треска, затнат нос и отежнато дишење, слично на грип и ковид. Повеќето инфекции се благи, но потешките случаи може да предизвикаат бронхитис или пневмонија, особено кај деца, постари лица и имунокомпромитирани лица.

Колку долго постои овој вирус?

Иако е идентификуван во 2001 година, истражувањата покажуваат дека циркулира кај луѓето повеќе од 60 години.

Како се пренесува?

HMPV се шири со капки од кашлање или кивање, контакт со заразени лица или контаминирани површини.

Дали има вакцина или лек?

Во моментов не постои вакцина или специфичен антивирусен лек за HMPV. Третманот се сведува на ублажување на симптомите.

Каква е ситуацијата во Кина?

Кинеските власти признаа зголемување на случаите, особено кај децата под 14-годишна возраст. Експертите нагласуваат дека, иако бројот на заболени се зголемува, вирусот не е нов и не предизвикува голема загриженост.

Дали има причина да се плашиме?

Експертите велат дека ситуацијата е под контрола и глобалниот имунитет на ХМПВ е висок. СЗО потврди дека кинескиот здравствен систем не е преоптоварен и нема причина за паника.

ИЗДВОЕНИ