Повеќе казни биле изречени поради утврдени неправилности при контрола на четири угостителски објекти во Куманово изминатиот викенд.
– Врз основа на претходно изготвен план, на 18.04.2025 во временски период од 19 до 24 часот, од страна на припадници на ОКП при СВР Куманово, во рамки на РОА „ЕМЕЛ“, а во содејство на инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд извршена е контрола на четири угостителски објекти на подрачјето на СВР Куманово – информираат од кумановската полиција.
Оттаму додаваат дека при контролата на угостителските објекти извршено е легитимирање на 11 лица, а извршен е преглед на седум лица, од страна на Државниот пазарен инспекторат изречени се 14 глоби на правни и физички лица кои работеле спротивно на одредбите од Законот за угостителство и од страна на Државниот инспекторат за труд изречени се пет глоби на четири правни и физички лица.