Израелските сили го зазедоа коридорот Мораг во Газа, отсекувајќи го го градот Рафа од Кан Јунис

69

Израелските одбранбени сили (ИД) денеска објавија дека го завршиле заземањето на коридорот Мораг во јужниот дел на Појасот Газа, отсекувајќи го градот Рафа од Кан Јунис.

Според соопштението, Рафа сега е целосно опколен од израелската армија, а инженерските единици градат пат долж коридорот, сличен на другите коридори во Газа што ИД ги зазеде за време на војната, пишува Тајмс оф Израел, пренесува Танјуг.

Како што беше најавено, израелската армија сега ќе оперира во областите на Рафа каде што сè уште не била со цел да ги порази преостанатите сили на Хамас, а ИД издаде предупредувања за евакуација на цивилите во Рафа пред речиси две недели.

Тампон зоната на ИД во јужниот дел на Газа ќе се протега од египетската граница до предградието Кан Јунис, оддалечено повеќе од пет километри, и во него ќе го вклучи целиот град Рафа.

Тампон зоната на ИД на друго место на границата со Газа, исто така, е проширена од неколку стотици метри на околу два километри во повеќето области.

ИЗДВОЕНИ