Израелски ракети погодија болница во Газа – пациентите се евакуирани

63
Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Две израелски ракети погодиле зграда во главната болница во Газа, уништувајќи ја брзата помош и приемното одделение при што се оштетени и други објекти, известија лекарите.

Здравствените официјални лица на арапската баптистичка болница Ал-Ахли ги евакуирале пациентите од зградата откако едно лице изјави дека примиле повик од некој што се претставил како дел од израелската безбедносна служба непосредно пред нападот“, пренесува „Ројтерс“.

Нема пријавено жртви, наведе цивилната итна служба.

Израелската војска го истражува извештајот, изјави портпаролот.

Сликите кои кружат по социјалните мрежи прикажуваат десетина луѓе како ги напуштаат просториите, а некои изгледаат како да ги влечат болните роднини на болнични кревети.

Владината медиумска канцеларија со која управува палестинското движење Хамас, кое САД и ЕУ го означија како терористичка организација, го осуди нападот и во изјави рече дека Израел намерно го уништува здравствениот систем на Газа.

Израел тврди дека Хамас систематски ги искористува цивилните објекти и дека нивните борци редовно се уфрлаат во болниците во Газа, што палестинското движење го порекна.

Израелските сили изведоа бројни рации во медицинските установи во енклавата.

 

ИЗДВОЕНИ