Израелската војска вечерва потврди дека убила висок припадник на либанскиот Хезболах кој соработувал со сириската армија за повторно вооружување и снабдување на либанската екстремистичка организација.
Сириските државни медиуми објавија дека денеска беспилотно летало удрило во возило во предградието на главниот град Бејрут и дека едно лице загинало, но името на жртвата не е соопштено.
Израелската војска соопшти дека Салам Немер Џома, „претставникот на Хезболах во сириската армија“ е убиен и дека неговото убиство „го деградира и присуството на Хезболах во Сирија и напорите на Хезболах да ги изгради своите сили“.
Израел изврши стотици напади врз цели во делови на Сирија, разурната од војна, контролирани од владата во Дамаск.
Земјата ретко презема одговорност за своите акции во Сирија, но потврди дека е насочена кон базите на проиранските екстремистички организации.
Иран ги поддржува и Хезболах и владата на сирискиот претседател Башар ал Асад, која во моментов се бори да ги потисне бунтовниците предводени од џихадистите кои го освоија вториот по големина сириски град Алепо.