Израелската армија ОБЈАВИ ВИДЕО од почетокот на нападот врз Иран

820
Фото: IDF X

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија на Х профилот, поранешен Твитер, видео и фотографии од борбени авиони Ф-15 и Ф-16 кои извршија напади во Иран рано утринава.

На снимката се гледаат и четири женски навигатори од израелските воздухопловни сили кои учествувале во оваа операција.

Според војската, десетици израелски воени авиони, вклучувајќи борбени авиони, танкери со гориво и шпионски авиони, учествувале во нападите на приближно 1.600 километри од Израел.

Израелските власти истакнаа дека целта биле иранските системи за противвоздушна одбрана и капацитетите за производство на ракети.

Иран го осуди синоќешниот израелски напад на неколку локации во земјата, нагласувајќи дека тоа е јасно кршење на Повелбата на Обединетите нации и дека има право на легитимен одговор.