Видеото штотуку објавено од израелската војска покажува дека дел од израелските сили дејствувале во Либан уште пред да започне копнената офанзива синоќа, јавува Би-Би-Си.
На видеото се гледа како командантот на елитната единица Егоз, која првично беше формирана за борба против Хезболах, им се обраќа на своите војници во текот на ноќта.
Говорејќи на хебрејски, тој рече дека армијата досега спроведувала „операции со низок профил“ во Либан и дека сега почнуваат копнени маневри.
Се чини дека тоа е прва потврда за нешто за што нашироко се зборуваше во последните денови – дека мал број израелски војници веќе спроведувале операции внатре во Либан пред да започне копнената инвазија.
After operating in Gaza, where the soldiers of the 98th division gained skills and operational experience, they moved north and are now conducting limited, localized, targeted operations that began last night.
We will continue fighting to achieve all goals of the war including… pic.twitter.com/eoSDaYbRvo
— Israel Defense Forces (@IDF) October 1, 2024