Израел жестоко го критикуваше папата

64

Министерството за надворешни работи на Израел го обвини папата Франциск за „двојни стандарди“ во саботата, откако ја осуди „суровоста“ на израелскиот напад врз Појасот Газа за кој палестински извори рекоа дека убиле седум деца.

„Коментарите на папата се особено разочарувачки бидејќи се одвоени од реалниот и фактичкиот контекст на израелската борба против џихадистичкиот тероризам“, се вели во соопштението на Министерството, додавајќи дека е неопходно „да се стави крај на двојните стандарди“ во однос на Израел.

Папата Франциск во саботата повторно ги осуди израелските воздушни напади врз Газа.

Франциск го започна своето годишно божиќно обраќање до католичките кардинали кои ги водат одделенијата во Ватикан, осврнувајќи се на израелските воздушни напади во петокот во кои загинаа најмалку 25 Палестинци во Газа.

Вчера беа бомбардирани деца“, рече Фрациск. „Тоа е суровост. Тоа не е војна. Сакав да го кажам тоа затоа што допира до срцето“.

Водачот на 1,4 милијарди католици обично е внимателен да зазема страна во конфликтите, но неодамна тој стана погласен во критиките за воената кампања на Израел против палестинската милитантна група Хамас.

ИЗДВОЕНИ