Според извештајот на израелскиот Н12, на заложниците на Хамас им биле давани храна и стимуланси непосредно пред да бидат ослободени за да остават впечаток дека биле добро третирани за време на нивното заробеништво.
Ова излезе на виделина при постепеното ослободување на заложниците, тврдат израелските медиуми. Во извештајот се наведува дека Хамас се погрижил заложниците да изгледаат енергично и во добра состојба кога ќе се вратат во Израел. Сепак, како што објави „Џерусалем пост“, сведочењата на неодамна ослободените жени откриваат сосема поинаква слика за нивното заложништво.
Ослободените заложници им кажале на израелските власти, според Н12, дека пиеле морска вода и јаделе само леб и ориз. Други открија дека биле држени во тешки услови, вклучувајќи подземни тунели и кафези.
Четирите заложнички, Карина Ариев, Лири Албаг, Даниела Гилбоа и Наама Леви беа ослободени во саботата. Претходно Хамас ги предаде Емили Дамари, Роми Гонен и Дорон Штајнбречер кои сега се отпуштени од медицинскиот центар „Шеба“ по една недела медицински прегледи.