Израел се огласи со официјално соопштение: „Го убивме првиот човек на Хамас“

44

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, објави дека е убиен Јахја Синвар, првиот човек на Хамас.

Претходно беше објавено дека израелската војска истражува дали лидерот Синвар бил убиен во напад за време на операциите во Појасот Газа.

Синвар, главниот архитект на нападот на Израел од 7 октомври 2023 година, кој ја започна војната во Газа, беше именуван за лидер на Хамас по убиството на тогашниот водач Исмаил Ханија во Техеран во август.