Израелската војска (ИДФ) призна дека нејзините војници направиле „сериозни грешки“ за време на смртоносниот инцидент на 23 март во близина на Рафах, кога најмалку 15 припадници на итните случаи беа убиени во конвој кој јасно беше идентификуван како хуманитарна мисија. Конвојот се состоел од возила на палестинската Црвена полумесечина (ПРЦС), ОН и Цивилната заштита на Газа, а бил погоден од израелски оган.
Израел првично тврдеше дека возилата се „сомнителни“ и дека возат без светла, но видеото објавено од „Њујорк тајмс“ покажува поинаку – снимките од мобилните телефони потврдуваат дека возилата имале запалени светла, јасни знаци за итни случаи и дека возат според правилата. Убиството следеше по израелската контрола на конвојот, што имплицираше дека војниците знаеле за кого станува збор.
Трагедијата предизвика бран огорченост кај меѓународната заедница, но и кај самиот Израел. Хаарец пишува дека тоа е морална бездна и дека воената доктрина целосно се оддалечила од одбранбените принципи.
Телата на убиените беа пронајдени само неколку дена подоцна. Според Гардијан, некои од убиените биле врзани, а телата биле деформирани и тешко се идентификуваат. Меѓу загинатите е и болничарот Салех Муамар, кој претходно го преживеа бомбардирањето со израелско беспилотно летало, но се врати на должност – и беше убиен.
Снимката на пронајдениот мобилен телефон на еден од убиените болничари, за која пишува и Њујорк Тајмс, покажува дека возилата откако повредените повикале помош, се движеле со запалени светла. ИДФ продолжува да тврди дека најмалку шест болничари биле поврзани со исламистичкото движење Хамас, но не понуди докази за тоа. Но, факт е дека кога војниците отвориле оган, болничарите биле невооружени.
На петминутното видео се гледа и болничарот Рафат Радван и може да се слушне како ги кажува зборовите од неговата последна молитва пред возилото да му пријдат израелски војници.
Официјален претставник на ИДФ за новинарите во саботата вечерта изјави дека војниците претходно отвориле оган врз автомобил во кој се превезувале тројца членови на Хамас. Кога возилата на брзата помош се приближувале до областа каде што биле војниците, набљудувачите на воздушниот надзор биле известени дека се приближува „сомнителен“ конвој.
Според ИДФ, возилата на брзата помош застанале зад теренецот на Хамас, а војниците претпоставиле дека се под закана и отвориле оган и покрај тоа што не утврдиле дека медицинскиот тим е вооружен. Израел, пак, утврдил дека возилата се движеле со запалени светла, а видеото од мобилен телефон покажало дека се обележани и дека болничарите носат рефлектирачки елеци.
“Forgive me, mother. This is the path I chose, mother, to help people, » he cries, his voice weak.” Israel walks back its account of the killing of 15 medics in Gaza after video seems to contradict it https://t.co/Inx4DLWlJg pic.twitter.com/mrNyEEJkXn
— Leo Correa (@Leo_Correa) April 6, 2025
Војниците ги закопале 15 тела во песок за да ги заштитат од диви животни, а возилата биле отстранети следниот ден за да го исчистат патот, според наводите на израелски функционер. Една недела подоцна, тимот на хуманитарното здружение ги ископа телата и во таа прилика го најде телефонот на Радван со снимка од инцидентот.
Болничар кој преживеа, изјави за Би-Би-Си дека на светлата на возилата биле вклучени и дека неговите колеги не се поврзани со ниту една исламистичка група, ниту Хамас, ниту Исламски џихад.
ИДФ силно ги отфрла тврдењата дека некој од болничарите биле врзани со лисици и дека не биле убиени од непосредна близина, како што сугерираат некои извештаи. ИДФ најави „темелна“ истрага, а Црвената полумесечина и другите меѓународни организации бараат независна истрага.