Израелската армија и Шин Бет денеска објавија дека портпаролот на Хамас, Абдул Латиф ал-Кану е убиен во воздушен напад во северниот дел на Појасот Газа.
Кану, кој беше убиен синоќа, се вели дека служел и како оперативец во военото крило на милитантната група, покрај тоа што бил еден од „клучните поттикнувачи“ на Хамас како портпарол, пишува „Тајмс оф Израел“.
„Кану систематски користеше медиумски платформи за пропагандни цели, психолошки терор и дистрибуција на лажни информации за активностите на Хамас во и надвор од Појасот Газа“, се вели во соопштението.
Се додава дека тој со години ги унапредувал плановите на Хамас, наводно повикувајќи на уништување на израелската држава, пренесува Танјуг.