Два израелски воздушни напади го погодија центарот на Бејрут вечерва, при што се урна станбена зграда, изјави за Си-Ен-Ен извор од либанските безбедносни сили.
Либанското министерство објави дека најмалку 18 лица загинаа. Пвичната информација беше дека има само 11 мртви и најмалку 92 ранети.
Ранетите во израелскиот напад во центарот на Бејрут се донесени во Американската универзитетска болница. Сè уште пристигнуваат возила за итна помош.
The Israeli occupation just bombed an entire residential building between Noweiri and Ras al Naba’a n Beirut to the ground
Many casualties reported. pic.twitter.com/50g5JSXssj
— Hussein (@EyesOnSouth1) October 10, 2024
Една жена надвор од болницата, која не сакаше да биде именувана, рече дека била во зградата до експлозијата и ја слушнала детонацијата. Таа рече дека еден од нејзините роднини се здобил со повреди на главата и се наоѓа во болница каде што го шијат, пренесува Би-би-си.
Жената вели дека погодената зграда била целосно станбена, и имала околу четири-пет ката.
Горна Баста, населбата во која беше погодена високата зграда, е густо населена област каде стотици луѓе се засолниле по интензивните израелски напади во јужен Бејрут и други делови на Либан во последните неколку недели.
⚡️Location that was targeted in Beirut pic.twitter.com/nVuJUQWbLs
— War Monitor (@WarMonitors) October 10, 2024
.