Израел објави: Убиен е шефот на владата на Хамас во Газа

35
EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Шефот на владата на Хамас во Газа е убиен, тврди израелската армија. Рави Муштаха, заедно со високите безбедносни функционери Самех ал-Сираџ и Сами Оудех, беа убиени во нападите пред три месеци.

Тие тврдат дека Хамас не ја објавил нивната смрт по нападот за да „спречи губење на моралот и функционирањето на неговите терористички оперативци“, пренесува SkyNews.


Борбени авиони погодија подземен комплекс кој служеше како команден центар, каде што се „криеја“ милитантите, се додава во соопштението.

Муштаха беше еден од „врвните оперативци“ на Хамас и имаше директно влијание врз одлуките за тоа каде ќе бидат распоредени борците.