ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ РАЗВОРЕН НАПАД ВРЗ СИРИЈА: Десетици убиени

33
"X"/Antiwar.com

Во повеќекратните израелски напади врз сирискиот град Хама доцна синоќа загинаа најмалку четворица цивили, објавија сириските државни медиуми, а извори велат дека целта бил голем воен истражувачки центар.

По нападот на 7 октомври од страна на Хамас врз израелските цивили и војници, Израел ги ескалира своите напади врз цели на милициите поддржани од Иран во Сирија, а исто така ја нападна и воздушната одбрана на сириската армија и некои сириски сили.

Локален здравствен претставник, цитиран од сириската државна новинска агенција, изјави дека по вчерашните напади во близина на градот Мисјаф, 13 лица се повредени, од кои неколку се во критична состојба.

Два регионални разузнавачки извори рекоа дека голем воениот истражувачки центар за производство на хемиско оружје во близина на Мисјаф бил погоден неколку пати. Се верува дека таму е сместен тим од ирански воени експерти кои се занимаваат со производство на оружје.

Сириските државни медиуми исто така објавија дека ударите предизвикале два пожари кои пожарникарите ги гаснат.