Изненадете го саканиот за Денот на вљубените: Направете вкусна чоколадна торта во форма на срце, идеален љубовен подарок

73

Чоколадниот пандишпан е евтин и лесен за правење – потребни ви се само неколку состојки.

Нема подобар начин да го израдувате вашиот сакан на Денот на вљубените од правење вкусна чоколадна торта во која ќе уживате и двајцата.

Состојки:

400 гр бисквити
200 мл млеко
За полнење:
900 мл слатка павлака
200 гр чоколадо

За декорација:

50 грама шлаг, чоколадни парчиња или овошје по избор (јагоди, малини)

Подготовка:

Направете го чоколадниот фил. Чоколадото растопете го со 200 мл слатка павлака, па тргнете го од шпорет.

Потоа во друг сад изматете ја преостанатата слатка павлака (700 мл). Постепено додавајте го растопеното чоколадо и соединете со миксер.

Ставете прстен на плехот, па бисквитите потопете ги во млеко, па наредете ги по дното и работ. Можете да користите калап во форма на срце, или можете да користите соодветна плитка тава. Потоа пандишпанот прелијте го со половина од чоколадниот фил, па наредете уште еден слој пандишпан намачкан во млеко. Прелијте го со преостанатиот чоколаден фил.

Оставете го колачот преку ноќ во фрижидер.

На крајот украсете ја тортата – одозгора ставете шлаг, чоколадни трошки или овошје.

ИЗДВОЕНИ