Изнајмувањето на станови во Германија поскапува, а цените за метар квадратен паѓаат

964

Растат кириите во Германија поради недостиг на станови во услови на високи градежни и кредитни трошоци. Сето тоа го запре градежниот сектор и побарувачката, но ги намали и цените на квадратите, се вели во извештајот на здружението на банките.

Становите во Германија поевтиниле за 4,3 отсто во првиот квартал во споредба со истиот период минатата година, соопшти здружението на германските банки Pfandbrief (vdp).

За 5,6 отсто се зголемија цените на закупнините на новите станови. Трендот на поскапување на кириите нема да запре, оценуваат од здружението.

„Пазарот за изнајмување станови е под огромен притисок. „Побарувачката значително ја надминува понудата“, рече извршниот директор на vdp, Јенс Толкмит.

Трошоците за изградба значително се зголемија во последните години поради повисоките каматни стапки на заемите и значително повисоките трошоци за работна сила и цените на градежните материјали. Во вакви услови се намали бројот на одобренија за градба, а побарувачката ослабе, што резултираше со пониски цени на становите, смета министерот за финансии.

Според здружението на банките, цените на недвижностите најмногу паднале во Минхен, за 5,3 отсто.

Во исто време, падот на градежната активност го продлабочува „недостигот“ на станови, зголемувајќи го натамошниот раст на кириите, кој би можел да продолжи уште некое време.

Здружението оценува дека цените на станбените недвижности треба да се стабилизираат во догледна иднина, за разлика од комерцијалните недвижности, како што се деловните згради и трговските центри.

Цените во тој сегмент паднаа за речиси 10 проценти на годишно ниво и се уште не се гледа „дното“, вели првиот човек на здружението.

Пресметките се базираат на податоци за деловното работење на повеќе од 700 банки кои се активни во финансирањето на недвижен имот, а не на понудите за купување и изнајмување кои служат како основа за Заводот за статистика, наведуваат во vdp.