Eкипите на ЈП Комунална Хигиена, изминатиот викенд отстраниле приближно 65 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во општините: Чаир, Гази Баба и Кисела Вода.
-Повторно е интервенирано на булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска улица), каде што се подигнати 20 кубни метри претежно мешан комунален отпад одложен на јавна површина на аголот со улицата „Максут Садик“, во непосредна близина на детското игралиште. Во општината Чаир се отстранети и 15 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад на неколку локации во населбата Топаана, како и на булеварот „Македонско-косовска бригада“ – велат од ЈП Комунална Хигиена.
Екипите на претпријатието во текот на викендот подигнале и 10 кубни метри отпад одложен долж булеварот „Александар Македонски“.
Воедно, биле расчистени и приближно 20 кубни метри кабаст и отпад од картонски пакувања одложени на јавни површини на улиците: „Димо Хаџи Димов“ и „Невена Георгиевска-Дуња“, во општина Кисела Вода.