Јавното претпријатие Комунална Хигиена, изминатиот викенд расчистило голема дива депонија лоцирана на улицата „Цетинска“ во општина Бутел. Воедно, екипите на претпријатието подигнале и транспортирале приближно 60 кубни метри кабаст, мешан комунален и градежен отпад одложени на јавна и тревна површина.
-Во рамките на активностите беа употребени и специјалните возила – багер, патарки и рол-кипер. Улицата „Цетинска“ во општината Бутел претставува „црна точка“ каде што ЈП Комунална Хигиена континуирано се соочува со непрописно одлагање отпад, со што значително се загадува животната околина – потенцираат од претпријатието.