Измамник од Гевгелија лажел дека е полицаец и роднина на повреден од Кочани, барал пари за спрејови

47

На 31.03.2025 во 20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Т.(46) од Гевгелија, постапувајќи по претходна пријава од 52-годишна жена дека ја измамил за сума од 3.000 денари.

-Според пријавеното, тој се претставил како полициски службеник и роднина на повредено лице од Кочани, кое било во клиника во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и дека бил сместен во згрижувачки дом на подрачјето на Гази Баба, при што од неа побарал пари за да купи спрејови за роднината. Како што е пријавено, таа му дала пари, но откако не приложил фискална сметка, сфатила дека била измамена, информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ