Измама со пелети: Скопјани оштетиле 26 лица

24

Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Гостивар поднесе кривична пријава против Г.З. (39) и Е.З. (41), двајцата од Скопје, како и против едно правно лице од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „измама“. Исто така, кривична пријава е поднесена и против М.П. (38) од Скопје, сопственик на правното лице, за кривично дело „соизвршителство“ во врска со измама.

Во мај 2023 година, првопријавените и второпријавените, како вработени во пријавеното правно лице, ги довеле во заблуда оштетените лица дека ќе им бидат испорачани и доставени претходно платените пелети за греење, со што причиниле материјална штета на вкупно 26 физички лица.