Излуденоста со „дубаи чоколадо“ отпочната како тренд на „ТикТок“, предизвика глобален недостиг од ф’стаци

35

Промоцијата на производи на социјалната мрежа „ТикТок“ сега е доволно моќна да влијае на земјоделството на големите земји, како што се САД и Иран.

„Чоколадата од Дубаи“, која вклучува и ф’стаци, стана неверојатно популарна на социјалните мрежи.

Првото видео кое се пофали со оваа чоколада беше објавено кон крајот на 2023 година и оттогаш имаше 120 милиони прегледи, проследено со многу други видеа, пишува Кликс.ба.

Резултатот од ова е глобален недостиг на ф’стаци, основната состојка на чоколадото од Дубаи, а ф’стаците главно се одгледуваат во САД и Иран.

Џајлс Хакинг од британската компанија за трговија со јатки CG Hacking изјави за „Фајненшл Тајмс“ дека цените на ф’стаците се зголемиле од 7,65 долари на 10,30 долари за фунта (400 грама) за една година.

Дури и пред зголемувањето на побарувачката за „Дубаи чоколадо“, оваа јатка стана оскуден поради минатогодишната лоша жетва во Америка, водечки светски извозник на ф’стаци. Родот беше помал од вообичаеното, но беше поквалитетен, поради што најчесто се продаваше како цел орев, сè уште во лушпа. Ова значеше недостиг на јатки што се користат за производство на популарната чоколада, пренесува Klix.ba.

Иран, пак, од октомври минатата година до март извезол 40 отсто повеќе јаткасти плодови во Обединетите Арапски Емирати отколку во претходните 12 месеци.

Состојките на „Дубаи чоколадото“ се млечно чоколадо, кадаиф и ф’стаци. Неговиот творец е емиратската компанија „Фикс“, а потоа почнаа да го произведуваат и други големи производители на чоколади, како што се Läderach и Lindt. Сепак, тие сега се борат да ја задоволат глобалната побарувачка.

Некои продавници наводно веќе ограничуваат колку може да се купи чоколадо од Дубаи, пишува весникот „Гардијан“.

ИЗДВОЕНИ