,,Траги на времето“ е изложбата на дела од прилепчанката Верче Николоска што ќе биде отворена на 24 април 2025 /четврток/ од 19 часот во Ликовниот салон од ЦК ,,Марко Цепенков“.
Уметницата Верче Николоска која долги години работи во повеќе техники – цртеж, графика, колажи, ќе се претстави со 22 дела работени во акрил на платно. Ќе бидат изложени и пет дела од малата внука Теона, која пројавува интерес за уметноста.
– Делата се апстракции на кои ги пренесувам моите чувства, визии, за уметноста, бидејќи живеам за уметноста. 25 години постојано се надоградувам како уметник. Апстрактниот ескпресионизам најмногу ми лежи, иако работам и други мотиви. Освен колажите, цртежите и графиките сум создала и дела од глина – вели Верче Николоска, која досега има реализирано шест самостојни изложби, од кои ова и е трета во Прилеп, а учестувала на бројни ликовни колонии. Член е на ДЛУП.