​Изложба на изработки од децата со церебрална парализа

18

По повод Светскиот ден на лицата со церебрална парализа, во Домот на културата „Билјана Беличанец“ денеска беше отворена изложба на изработки подготвени од децата со церебрална парализа.

Изложбата ја посети и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

– Темата на која се твореше е Македонија, а тука беше претставено целото наше културолошко непроценливо наследство и традиција кои се дел од нашата историја, корени и нашата иднина гледана преку очите на лицата и децата со церебрална парализа. Овој ден е само уште еден повод да се сретнеме и да си го разубавиме секојдневието, бидејќи нашите дружби се доста чести. Следејќи ги нивните потреби, им отворивме Клуб како соодветен простор за игра и дружење, кој е целосно финансиран од мене и мојот тим. Внимаваме на нивната социјализација, на нивната инклузија и како човек и градоначалник секогаш ќе бидам тука за нив. Сите заслужуваат еднаква шанса -изјави Ѓорѓиевски.