Пругата е пуштена за сообраќај откако товарниот воз вчера, во 21:37 часот, беше излезен од шините, по што во прекин беше ставено движењето помеѓу железничките станици „Кадина Река“ и „Зелениково“.Во несреќата нема повредени лица.
Директорот за влеча и одржување на возните средства во „МЖ-Транспорт“, Игор Коруноски за весникот ВЕЧЕР вели дека не станува збор за излетување на возот, туку за излизгување со една осовива, по што случката е средена и пругата е пуштена во сообраќај.
Штетата, како што информираа од компанијата „МЖ-Транспорт“, е незначителна и локомотивата по техничката проверка, е вратена во сообраќај. За патниците бил организиран автобуски превоз на релација од Велес до Скопје и обратно.