![Kosovo voters cast their ballots for parliamentary elections](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2025/02/kosovo_glasanje_02-2025-epa-696x464.jpg)
Косовската владејачка партија Самоопределување (Ветевендосје), предводена од премиерот Албин Курти, е на пат да победи на парламентарните избори, но не доволно за самостојно да формира влада, покажуваат вечерашните излезни анкети.
Според анкетата на ТВ Клан, партијата на Курти освоила 38,2 отсто од гласовите, опозициската Демократска партија на Косово 22,4 отсто и Демократската лига на Косово околу 20 отсто. Слични резултати покажуваат и анкетите на весниците „Експрес“ и „Коха“.
Во косовскиот парламент има 120 пратеници, од кои 20 се малцинства – десет Срби и десет останати. На изборите се натпреваруваа шест српски партии, а најсилната, Српската листа, сестринска партија на владејачката СНС во Србија, ја поддржува официјален Белград.
Курти, левичар и албански националист, дојде на власт во 2021 година кога коалицијата предводена од Самоопределување освои повеќе од 50 отсто од гласовите.