Јасно е како ден.. Борбата меѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол беше голем маркетиншки трик со јасна цел – да се соберат огромни суми пари.
Популарниот јутјубер Џејк Пол го победи легендарниот Мајк Тајсон во боксерскиот спектакл кој се одржа на 15 ноември на стадионот AT&T во Тексас, а сега на социјалните мрежи се појави видео кое предизвикува сомнеж дека исходот од оваа борба е однапред договорен.
Љубителите на боксот ширум светот вријат од гнев, бидејќи мислат дека сето тоа било само фарса. На видеата кои кружат на социјалните мрежи јасно се гледа дека еден од најдобрите боксери во светот практично се обидувал да не го удри Пол.
Имено, забавената снимка покажува дека Тајсон можел неколку пати да го нокаутира Јутјуберот во текот на борбата, но не го направил тоа.
Во еден момент направил финт со левата рака, на што Пол паднал. Ја отвори целата лева страна од лицето и му даде одлична можност на Тајсон да го нокаутира, но славниот боксер реши да не го стори тоа.
Just incase anyone had doubts… pic.twitter.com/FCXmjg1dTD
— ️®️❌✌ (@proxcee) November 19, 2024