Врската помеѓу хрватскиот тениски тренер Стефан Вуков и казахстанската тенисерка  Елена Рибакина, веќе некое време ја вознемирува тениската јавност.

Хрватскиот тениски тренер е суспендиран на една година поради кршење на кодексот на однесување, соопшти Женската тениска асоцијација (ВТА).

Двајцата соработуваа од 2019 година, а минатата сезона се разделија, само за Вуков да се врати во тимот за овогодинешниот Австралија опен.

„Атлетик“ спроведе истрага и потврди дека Вуков долго време ја изложувал Рибакина на психичко малтретирање, со постојан притисок што доведувал до разни болести за шампионката на Вимблдон од 2022 година.

Рибакина ги наведе настинките и алергиите како здравствени проблеми, но однесувањето на Вук очигледно стои зад ова. Наводно, и по одлуката на Елена да го отстрани од составот пред САД Опен во 2024 година, Вуков го отфрлил тоа сценарио, отпатувал во Њујорк и таму го поминал целиот турнир, обидувајќи се да одржува контакт преку СМС пораки.

Најшокантно од сè е тоа што двајцата многу веројатно се уште се во емотивна врска, бидејќи престојуваа во иста хотелска соба во Мелбурн за време на Австралија опен.

Вуков тогаш беше под привремена суспензија, која беше потврдена и ќе трае уште една година.

ИЗДВОЕНИ