Изјавите на Трамп за криптовалутите го поттикнаа растот на биткоинот и на целиот пазар

125

Вредноста на биткоинот денеска во 15 часот порасна за 9,05 отсто на 89.203,27 евра на најголемата светска берза за криптовалути, Binance, поттикната од најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за дигиталните стратешки резерви на Соединетите Американски Држави.

Трамп најави дека петте главни криптовалути ќе бидат дел од стратешките дигитални резерви на САД и прецизираше дека тоа се биткоин (BTC), итриум (ETH), Ripple (XRP), solana (SOL) и cardano (ADA), а неговите изјави го поттикнаа растот на целиот пазар.

Тој додаде дека Соединетите Американски Држави ќе станат „главен град на крипто светот“.

ИЗДВОЕНИ