Изградбата на новата градинка во Трубарево е во втората, последна фаза. Градоначалникот на Општина Гази баба, Бобан Стефковски, заедно со заменик министерот во Министерството за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, направија увид во градежните работи .
Вредноста на втората фаза изнесува 27.944.811 денари, средствата кои се обезбедени од буџетот на Општина Гази Баба. Потребната опрема за градинката ќе се обезбеди од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Откако ќе заврши втората фаза од изградбата на градинката, таа ќе биде пуштена во употреба кон третата половина од оваа година.