Изгледа безопасно, но летното сметање на времето се одразува и врз луѓето и врз животните

212

Ноќта од сабота 29 март кон денеска, недела 30 март, спиевме еден час пократко бидејќи започна летното сметање на времето. Стрелките ќе се движат од два кон три часот.

Стресот поради поместувањето на стрелките на часовникот се одразува врз животните. Кравите на пример, наутро ќе дадат помалку млеко.

Оваа промена, освен животните, ги погодува и луѓето, па дел од нас може да почувствува зголемен замор, несоница, главоболки, нервоза или губење на концентрацијата во наредните денови, пренесува Дневник.хр.

Оваа тема со години е предмет на расправа во Европскиот парламент, но од укинувањето на поместувањето на стрелките на часовникот сѐ уште нема ништо.

ХЕП ги информира граѓаните дека со преминот кон летното сметање на времето, потрошената струја од 8 до 22 часот ќе се наплаќа по повисока цена, а во периодот од 22 до 8 часот по пониска цена.

Летното сметање на времето останува до 26 октомври.

ИЗДВОЕНИ