Локализиран е голем пожар што синоќа избувна во Индустриската зона, во магацинскиот објект „Новкабела“ во Нови Сад.
Според податоците на Институтот за итна медицина, во пожарот нема повредени, а додека беснеел пожарот на лице место дежурале медицински екипи.
View this post on Instagram
Новосаѓани синоќа при гаснење на пожарот добиле СМС порака од Министерствот за внатрешни работи.
View this post on Instagram
„Поради пожар во магацин и големо количество чад, не излегувајте од просториите додека не помине опасноста“, се наведува во пораката.
На терен синоќа беше и градоначалникот Жарко Миќин.
„Тимот од Институтот за јавно здравје ќе мери евентуално загадување на воздухот или присуство на штетни материи, а граѓаните ќе бидат информирани по завршувањето на анализите“, напиша градоначалникот во објавата на Инстаграм.
View this post on Instagram