Изгаснат е пожарот на депонијата во Алинци

12

По неколкудневна интензивна акција и координирана работа на сите надлежни служби, ситуацијата со пожарот на депонијата кај Алинци е ставена под контрола. Благодарение на несебичната помош од компанијата „Бехтел и Енка“, Министерството за транспорт и Министерството за животна средина и просторно планирање, како и посветеноста на вработените од ЈКП ,,Комуналец”, помошта од ЈКП,, Водовод и канализација” екипите на ТППЕ Прилеп, и стручната заложба од Дирекцијата за заштита и спасување, пожарот е целосно изгаснат, а ризикот за натамошни последици е отстранет.

– Во моментов повеќе нема густ чад, а со преземените мерки веруваме дека овој проблем е конечно решен – велат од Општина Прилеп и апелаат до сите граѓани за одговорно постапување и заедничка грижа за животната средина.

ИЗДВОЕНИ