Избувна пожар во некогашната печатница на „Просвета“ во Ниш

15
Зградата во која некогаш се наоѓаше печатницата на претприајтието „Просвета“ на улица Јован Бабунски во Ниш ја зафати денеска во 17 часот и 20 минути пожар, потврдија од Полициската управа во тој град.
Во полицијата за агенцијата Бета изјавија дека на терен се поголем број пожарникари-спасувачи и шест пожарникарсни возила, но досега пожарот не е локализиран.
Според полициски извори, нема повредени.
Жителите на околни куќи стравуваат дека пожарот ќе се префрли и на нивните објекти, бидејќи од објектот на печатницата се издигнува голем пламен, а ветерот ги разнесува искрите.

 

ИЗДВОЕНИ