Просторот кој го зафатил пожарот изгорел во целост. На фотографиите може да се видат остатоци од мебел и играчки.
„Гореше една просторија од 60 квадрати, целосно изгоре заедно со мебелот, детските играчки. Спречивме понатамошно ширење на пожарот на покривот. Интервенцијата е при крај. Никој не беше загрозен, кога пристигнавме, сите веќе беа надвор и почнавме со гаснење“, изјави Дамир Рештигорац од Јавната противпожарна служба на Градот Загреб за ХРТ.
Негувателката за Индекс изјави дека пожарот не бил предизвикан од клима-уредите како што објавија некои поратли.
„Тоа е лага бидејќи тие клими не се ни вклучени во струја. Пожарот започна од струјата, од инсталацијата. Тоа е причината и проблемот, бидејќи градинката беше обновена по вашата приказна – но не беше обновено осн основното – старите и опасни инсталции“, изјави таа.
Причината за пожарот ќе биде позната по увидот.