Избрани најкреативните културни проекти во Центар   

74

Стручната комисија на Општина Центар ги избра најквалитетните културни проекти што ќе добијат финансиска поддршка за 2025 година, преку Конкурсот за култура.

Од Општина Центар информираат дека се поддржани проекти од различни области: визуелна и изведувачка уметност, музика, литература, театар, филм, како и програми за деца, млади и ранливи групи.

– Продолжуваме со континуирана поддршка на креативни и значајни културни иницијативи, бидејќи веруваме дека културата е срцето и препознатлив белег на нашата општина. Кога ја презедов функцијата, буџетот за култура изнесуваше 3 милиони денари, за 2025 година тој е зголемен на 13 милиони денари – истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Целта на конкурсот е да се поттикне креативноста во општината, да се збогати културниот живот и да се создадат подобри услови за уметниците, културните работници и здруженијата. Со оваа поддршка се овозможува реализација на нови културни содржини кои придонесуваат за поактивна и покреативна заедница.

 

ИЗДВОЕНИ