Отсекогаш знаевме дека најдобрата пица на светот доаѓа од Италија, а сега добивме потврда од веб-страницата Time Out. Во продолжение дознајте која пица според нив го заслужува првото место на оваа гурманска листа, особено ако наскоро планирате да го посетите овој италијански град.
Најдобрата пица на светот
Најдобрата пица на светот се прави во италијанскиот град Неапол, тврди магазинот Time Out. Поточно, станува збор за пицеријата Да Атилио, која го носи името на сопственикот, која служи традиционална неаполска пица од 1938 година, пренесува Punkufer.hr.
Најдобрата од сите пици, според Time Out, е скромната маргарита, која се прави со домати Сан Маркано, фиор ди лате моцарела од Vico Equense, пармезан стар 24 месеци и свеж босилек.
Pizzeria Da Attilio ги комбинира традиционалните техники за подготовка на пица со најдобрите состојки од областа. Приоритет е квалитетот на состојките и традицијата, а не брзите пари. Затоа рецептот не е променет со децении, но ниту самиот простор.
Имаат само неколку маси на внатрешен двор и уште неколку внатре, и не прават резервации. Ако сакате да ја пробате пицата, ќе мора да почекате да стане достапно место. Не грижете се, нема да чекате долго. Пицата обично пристигнува на масата за само пет минути, а повеќето гости ја „голтаат“ за кратко време.
Менито е долго и разновидно, а цените на пиците почнуваат од седум евра па нагоре.
View this post on Instagram