Изразот кој го опишува распаѓањето на тричлената коалиција на канцеларот Олаф Шолц, лингвистите и медиумите во Германија го прогласија за збор на годината во таа земја.
„Ампел-аус“, што буквално значи „семафорот се исклучи“, се однесува на распаѓањето на сојузот на социјалдемократите на Шолц, чија партиска боја е црвената, на партијата на Зелените и на „жолтите“ либерали (ФДП).
Одлуката дека ова е „зборот на годината “ ја донесе Здружението за германки јазик, а имало речиси 2.500 предлози.
Второто место го зазеде зборото „климашонфарбеи“, односно „зелено перење“, што е облик на манипулација со која некој создава впечаток во јавноста дека се грижи за животната средина.
На трето место се најде зборот “кригшухтиг“, што приближно значи „подготвени за војна“, а е израз кој го користеше министерот за одбрана Борис Писториус.
Зборот на годината се избира врз основа на значењето и на популарноста, а не зачестеноста, навеоа од Здружението за германски јазик , кое прв пат избираше збор на годината во 1971 година.
Минатата година збор на годината беше „кисенмодус“ што значи “кризена мерка“.