Избегнувајте летови до, или од Германија! Штрајкот на аеродромите започна

27
EPA-EFE/FILIP SINGER

За денеска е добар совет да избегнувате летање до или од Германија, бидејќи штрајкот на аеродромот во Хамбург започна утринава. И многу други аеродроми утре ќе мора да ги откажат летови, пишува Дојче веле.

Синдикатот на работниците во услужниот сектор ver.di всушност најави предупредувачки штрајк на аеродромите во Германија за овој понеделник, 10-ти март, но како што информираше станицата НДР, аеродромот во Хамбург утрово неочекувано мораше да ја прекине работата. Освен тоа, некои патници веќе се пријавиле за летот и го чекирале багажот, но сега имаат големи проблеми да си го вратат багажот. Штрајкуваат и работнците кои на крајот го ставаат вашиот багаж во авионот од подвижната лента. Утринава пристигнаа и тргнаа десетина летови од Хамбург, но околу 140 пристигнувања и исто толку полетувања оваа недела сега се откажани.

Синдикатот на услужни дејности ги повика денеска вработените на главните германски аеродроми на штрајк, со целосно прекинување на редовните летови во Берлин, во време на тензични преговори за платите во секторот. Според германското здружение на аеродроми АДВ, ќе бидат откажани 3.400 летови, што ќе влијае на половина милион патници.

„Ќе има големи ограничувања на полетувања и пристигнувања, можеби вклучувајќи и откажувања на летови“, соопшти синдикатот во петокот.

Аеродромот Берлин/Бранденбург во петокот објави дека денеска целосно ќе престане со работа поради штрајк.

Во Франкфурт, најголемиот германски аеродром, компанијата Фрапорт предупреди дека ниеден патник нема да може да се качи во транзитниот центар, што „речиси сигурно“ ќе влијае на меѓународните летови, објави Билд.

Погодени ќе бидат и аеродромите во Минхен, Бремен, Келн, Дортмунд, Дизелдорф, Хамбург, Хановер, Лајпциг и Штутгарт.

Штрајкот вклучува околу 5.000 државни и локални вработени вработени на аеродромите и 23.000 други даватели на услуги за воздушен транспорт, објасни во петокот синдикатот.

Работниците се повикани да ја прекинат работата за време на преговорите за платите и условите за работа, а следната рунда преговори е закажана за средината на март.

ИЗДВОЕНИ